Без струја делови на Бутел, Центар и Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Бутел, Центар и Студеничани.

Па така, во перидот од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 1551 во с. Визбегово (општина Бутел), од 8:30 до 13:30 часот корисниците од бул. Свети Климент Охридски бр. 54 (општина Центар) и од 9 до 15 часот корисниците од село Батинцки, Љубош и Ќупија (општина Студеничани).