Без струја делови на Аеродром и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ АД добиено е известување дека поради закажани технички зафати, без електрична енергија ќе останат делови на Аеродром и Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите од булеварите Видое Смилевски – Бато и АСНОМ (општина Аеродром) и дел од селото Волково, објектите кај црквата на патот кон с. Кучково (општина Ѓорче Петров).