БЕЗ ШЕЌЕР: Посен колач од гриз и кокос

Состојки:

2 чаши гриз

2 чаши брашно

1,5 шолји масло

1 кесичка сода бикарбона

2 чаши вода

3 лажици џем по вкус

2-3 лажици кокосово брашно

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во намастена, побрашнета тепсија со средна големина.

Ставете ја во загреана рерна и печете на 200 степени околу 30 минути.

Со чепкалка проверете дали колачот е печен.

Извадете го колачот од рерна и оставете го да се излади па посипете го со кокосово брашно.

Пред сервирање исечете го на коцки.