Без приватниот сектор нема плата за администрацијата

Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Како што рече тој во Клик Плус, без приватниот бизнис нема плата за администрацијата и обратно.

-Во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси – порача Манчевски.

Тој нагласи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но воедно додаде дека може да трае и многу подолго.