БЕЗ ЈАЈЦА, БЕЗ БРАШНО И БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Рецепт за чоколаден колач со банана!

Без јајца, без брашно и без печење. Одличен рецепт за чоколаден колач со банана!

Состојки:

-2 големи зрели банани

-100 гр крупно сецкани ореви

-60 гр какао

-100 гр масло(може и кокосово)

-4 лажички мед

-ванилин  прав

- половина лажичка цимет

-прстофат сол

Подготовка:

Миксајте или мешајте ги состојките додека не добиете глатка маса. Притоа сето тоа префрлете го во тепсија или четвртаст сад кој предтоа ќе го обложите со хартија за печење. Покријте и ставете го колачот во замрзнувач на половина час. Извадете го и исечете го на коцки.

Уживајте!