Направете брза, евтина и лесна Кока-Кола торта:
Состојки:
600 гр плазма
250 гр маргарин
200 гр желе
100 гр чоколада
100 гр суво грозје
500 мл кока-кола
200 гр шеќер во прав
200 гр шлаг
Подготовка:
Го матиме маргаринот во сад со шеќерот и додаваме плазма, потоа желе, чоколадо и сувото грозје.
Кока-колата се додава малку по малку, да се соедини.
Се обликува колач и се украсува со шлаг.
Можете да ставите и овошје или друга декорација по желба.