Бестрашна заводничка која точно знае колку вреди – дознајте сè за жената родена во знакот Овен

Страствена, бунтовна, слободоумна, ентузијастична, одважна и самоуверена. Оваа жена е тврдоглава и силна, темпераментна, подготвена да му пркоси на целиот свет. Секогаш се радува на новите предизвици, па така и пристапува на секој нов ден. Често преминува на нов предизвик, иако уште не го завршила претходниот.

Таа е огромен оптимист, кој ужива во животот. Често самата си креира авантури и навистина ужива кога другите го прифаќаат тоа. Како и сите други и таа има маани, а тие најчесто се поврзани со егоистичност, тврдоглавост и љубомора.

Таа е претставник на огнен знак и носи силна страст во себе. Во љубовните игри, сака да презема иницијатива и да ја заведува другата страна. Често, не чека да биде заведена, туку презема иницијатива ако некој навистина и се допаѓа.

Кога е заљубена, тогаш е најсреќна и најжива. Во врската не сака да се чувствува како некој да ја поседува и ужива во слободата.

Оваа жена точно знае колку вреди.  Романтиката не и најважна, но ужива во вниманието. Меѓу ретките жени е која знае да ги одвои љубовта и сексот.

Во пријателството носи возбуда и хаос, а во следниот момент може да ја снема. Таа е често интензивна и кога создава пријателства, тие трааат цел живот. Сепак, нејзиното темпо не може да биде следено од секој.

Оваа жена обожава да привлекува внимание. Често се облекува во црвено, што всушност е и нејзина боја. Обожава да носи и дијаманти, а и впечатливи обетки.