Бесплатно од Миладиновци до Штип до Нова Година?

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, најави дека за 10 дена ќе биде објавен тендер за изградба на две патарини на автопатот Миладиновци-Штип, кој денеска беше пуштен во употреба по речиси една година одложувања.

„Бидејќи немаше никаков проект за изградба на патарините, ние моравме да направиме проект да извршиме експропријација и да добиеме дозвола за нивна изградба. Во соработка со ЕБРД за 10 дена ќе се објави меѓународен тендер за нивна изградба, а во овој тендер ќе бидат вклучени патарините за автопатот Кичево – Охрид, како и за набавка на софтверски систем за набљудување на Коридор 8 од Миладиновци до Охрид“, вели Китанов.

Според проценките на Китанов и зависно од тоа како ќе тече тендерот и изградба на патарините, по автопатот ќе се вози бесплатно до Нова година.