Бесплатни годишни билети за волонтерките во ѓакониската кујна

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска ќе им додели бесплатни годишни билети за користење на градскиот превоз во Скопје на шестте волонтерки кои работат во ѓакониската кујна.

Тие пет дена во неделата подготвуваат топол оброк за 200 корисници, социјално загрозени лица.