Одредени групи пензионери ќе може бесплатно да се вакцинираат против грип, одлучи Владата на вчерашната седница.

„По предлог на Министерството за здравство, на седницата министрите ја разгледаа и усвоија информацијата за бесплатна вакцинација против грип за пензионерите со просечна и пензија пониска од просечната и за лицагта над 60-годишна возраст кои не се приматели на пензија“, соопшти Владата.