Бесплатна телефонска линија за информации отвара Град Скопје

Преку т.н. кол-сервис скопјани ќе можат во кое било време да се информираат зошто не свети некоја канделабра на Кеј дали планираното прскање против комарци ќе се одржи во предвидениот термин, до колку часот работат службите за даноци... за овој проект, Град Скопје веќе презема конкретни чекори. В понеделник Советот ќе треба да одлучува за набавка на опремата потребна за функционирање на сервисот.

Во план е да се купат 330 ИП-уреди, 333 ИП-лиценци, два рутери, еден серверски ИП-менаџер. 

-Кол-центарот е апликативно решение за единствен контакт-центар на Град Скопје што ќе овозможи брза и лесна двонасочна комуникација на физичките и правните лица со администрацијата на Градот, со цел решавање на нивните потреби во надлежност на секторите и јавните претпријатија на Град Скопје“, стои во образложението за Кол-центарот.

Ќе работи на принцип на користење бесплатна телефонска линија која ќе дава можност за непосредно давање навремени и точни информации и овозможување услуги преку транспарентно работење и информирање. Граѓаните ќе можат да постават прашање, да пријават проблем или да упатат предлог до надлежните сектори, служби, јавни комунални претпријатија или други субјекти во надлежност на Град Скопје.