Беспарица е, но македонските граѓани не се откажуваат од летен одмор

Иако, туристичките агенции пред брзо време ги пуштија понудите за лето 2019, Македонците веќе одамна знаат каде ќе ги поминат летните одмори. 

Македонските граѓани како и секоја година патуваат и одат на одмори, покажуваат евиденциите на туристичките агенции.

Владее беспарица, но пари за одмор мора да има. 

Некои собираат преку цела година, за да можат барем неколку дена да уживаат на плажа, а некои земаат и кредити. 

Од турстичките агенции посебно атрактивен е јуни кога поради ниските цени како на пример 49 евра за една недела во Грција се резервираше уште во април. Втора дестинација каде што масовно ќе се патува е Турција, а традиционално ќе се оди и во Хрватска, Црна Гора и Шпанија.

Оваа година омиленото летувалиште на Македонците, Грција, ќе ги намали цените.