Беше моја лекција – важна, но исклучително болна!

Те молам немој да ми доаѓаш со твоето внимателно и сомничаво срце и да ми поставуваш прашања за да видиш дали ќе поминам на твоите тестови кои се невозможни за поминување.

Повеќе не сум заинтересирана за твојата недореченост и твоето постојано „можеби“. Се откажав од незрелата надеж дека нешто ќе се случи, затоа што по толку години, сѐ уште не се случи ништо. Те молам немој да ми кажуваш дека мораш уште малку да размислиш. Завршив со чекањето. Престанав да верувам во нашиот потенцијал.

Уморна сум. Фрустрирана сум. Но, те молам кажи ми зошто постојано доаѓаше со раце полни со ветувања? Зошто моето име го изговараше на начин како да ти значам многу повеќе отколку навистина ти значев?

Кажуваш дека мислиш дека ме сакаш, го кажуваш тоа со пригушен тон, полн со резервираност, моментална желба и површни очекувања. Твојот ѕид е тука, твоите рефлекси се внимателни, а твоето оружје е подготвено да ги избрка твоите условено понудени чувства. Затоа, те молам да си ја собереш твојата неодлучна љубов и љубезно (и одлучно) да си заминеш.

И двајцата знаеме дека ако останеш, јас секогаш ќе бидам слаба и заплеткана во твојата фино изградена мрежа. Секогаш ќе патам за зборовите кои сакам да ги чујам, оние зборови поради кои посакувате да ползите низ пеколот. Копнеев да ја покажеш својата ранливост. Трпеливо чекав и се предавав и се обидував да имам доволно верба за двајцата.

Но, знам дека и моите нереални очекувања го предизвикуваа моето страдање. И свесна сум дека моето рането, уморно и скршено срце, кое е преполн со љубов, е виновно за тоа што предолго се задржав на тебе.

Беше моја лекција – важна, но исклучително болна. Но, потребно беше да се случи. Ти се појави во мојот живот за да сфатам колку вредам, за да престанам да дозволувам да бидам избор кој никако не можеш да го избереш. Ако мораш да размислуваш дали ќе ме земеш предвид, заштеди си време и отиди си. Нема да те молам да останеш, ниту да се вратиш. Нема да губам време да се обидувам да те убедам во нешто што веќе го знаеш длабоко во себе. Нема да се борам за да те присилам да покажеш дека се грижиш. И тоа затоа што ти мислиш дека е лудо ако некој доследно те сака, дури и ако тој некој не е сакан на ист начин. Но за мене, ова беше нешто важно, ретко и единствено. А сега дојде до неизбежниот крај.

Секогаш се плашев да те пуштам и иако знам дека оваа незаборавна љубов нема да изблледи, сепак уште потешко ми е да останам. Можеби никогаш нема да можам да ја исполнам оваа празнина, но уште попразно е да останеш во љубов која повеќе делува како војна.