Белите дробови на Карпош поставени во Карпош 3

Две неформални граѓански здруженија заедно со жителите на Карпош 3 поставија фигура во форма на две белодробни крила кои ќе го покажуваат нивото на загаденоста на воздухот. Инсталацијата е поставена во Карпош 3, пред трговскиот центар Техника.

Од здруженијата велат дека тие ќе бидат симбол на загадувањето во општината, предизвикано од неконтролираното градење и уништување на зелените површини. „Белите дробови“ ќе им покажат на луѓето колку всушност е загаден воздухот и ќе се обидат да го реплицираат влијанието на таквиот воздух врз здравјето. Со поставувањето тие апелираат до општината да води повеќе грижа за долгорочните ефекти од пренаменување на зелени површини во градежни земјишта на кои никнуваат нови згради, трговски центри и паркинзи. Поставени на фреквентна улица, „белите дробови“ ќе сменат неколку нијанси, во зависност од влијанието на загадениот воздух.