6-месечно бебе утрово почина на Детската клиника во Скопје.

Како што дознава Курир, малата Мицевска чии родители се од село Негорци, била сместена на Интензивна нега, каде за жал го загубила својот живот.

Овој смртен случај е седми за само 10 дена.

Четири новороденчиња, 7-месечно бебе, две ипол годишно дете и ова 6-месечно бебе починаа за многу кус период.