Барем за миг немој да бидеш жена, мајка, кралица!

Секојпат кога ќе прочитам наслов или коментар од типот: „Жена, мајка, кралица“, ми доаѓа да додадам – премногу уморна. Веднаш замислувам жена која ги тегне сите конци, трча да исчисти и среди, не спие доволно, се нервира затоа што не успеала да заврши ни половина од обврските. 

Застани малку. Одмори. Ништо не мораш, ништо не треба да правиш.

Светот утре ќе продолжи да се врти и без тебе.

Не си наметнувај на грб повеќе отколку што можеш да издржиш. Ти не си магаре, жена си.

Сосема е во ред тоа што денес не си зготвила ручек, туку си направила само салата и си ја загреала храната од вчера. Нема да умрат.

Остави ја и прашината.

Слушам ги пеглаш крпите и чорапите.

Запрашај се само дали животот е создаден за да се помине во пеглање?

Можеби има и подобри начини.

Свари си кафе и конечно земи да ги читаш книгите кои ги купи за кога ќе имаш време. Да ти кажам една тајна. Никогаш нема да имаш доволно време. Ние го немаме времето, времето нѐ има нас.

Затоа, ослободи си минути, часови и денови и посвети си ги на себе. Одмори ја душата и биди она што си.

Барем за миг немој да бидеш ниту жена, ниту мајка, ниту кралица. 

Твојата душа ќе ти биде благодарна.

Одмораш ли доволно?