Барате работа? Сакате да одите во странство? Кралицата Елизабета вработува

Потребна е ЧИСТАЧКА, ќе работи 5 дена во неделата, по 4 часа на ден, ќе живее и престојува во дворец, а притоа ќе заработува 850 евра месечно. 

На кралицата Елизабета итно и е потребно чистачка. Од нејзиниот кабинет, пред неколку денови објавија оглас во кој се трага по личност која ќе биде одговорна за хигиената во дворецот. За оваа работа многумина би аплицирале дури и воопшто да нема заработувачка, но од кралскиот дворец најавија дека за работничката се спремни да платат дури 850 евра месечно. 

Она што е интересно за овој оглас е профилот на личноста по која трагаат членовите на кралското семејство. Имено, CV-то на работничката и не е толку битно колку што е важна нејзината желба за докажување и тимска работа. Според она што е напишано во огласот, секој којшто се смета себеси за тимски играч, има огромни шанси да биде избран. 

Покрај високите месечни примања и социјалните бенефити коишто ќе ги има хигиеничарката, таа ќе работи и на половина работно време. Имено, наместо 40 часа неделно, таа ќе работи само 20, а сабота и недела ќе и бидат слободни да ги користи за рекреација и одмор. 

Работните задачи на чистачката ќе се разликуваат во зависност од потребите. Таа нема да биде ограничена само на чистење под и менување на постелнини, туку ќе има за задача и одржување на многу значајни историски предмети. 

Дополнителни атрибути коишто треба да ги поседува чистачката е да биде педантна, да не зборува многу, да не раскажува наоколу за деталите низ дворецот, да биде пријатна со луѓето со кои работи и секако, да биде брза во средување на работите. 

Кога ќе се размисли убаво, голем дел од работничките кои ја работат оваа работа тука ги поседуваат овие атрибути, а и уште некој плус. Тогаш, зошто да не се обидете да аплицирате, можеби кралското семејство ќе ви ја обезбеди визата за престој? Никогаш не се знае.