Барате работа? - Над 11.000 слободни работни места во Агенцијата за вработување

Голема е бројката на слободни работни места во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Во моментов има 11.870 слободни места, од различни профили и во сите општини во државата.

Продавачи, келнери, шофери, сметководители, шивачи, економисти, професори, пекари, лекари, е само мал дел од она што се бара.

Сите заинтересирани, кои се во потрага по работа, нешто повеќе можат да се запознаат на страната avrm.gov.mk или пак во подрачната канцеларија на Агнецијата за вработување.

Покрај огласите за работа, во Агенцјата се отворени и повеќе програми и активни мерки за вработување, особено за помладите лица во државата.