Тато носи, мама меси.Додека некаде некои млади луѓе се обидуваат да работат и да заработат уште од млади години, кај нас ги мазиме, пазиме и чуваме како паразити.Се прашувам зашто некои луѓе сами си ги прават децата да им бидат неспособни.Па уште ги охрабруваат да не се мачат.На секој ќе му биде убаво да лежи дома до 1 попладне и со прст да не мрдне зашто тато и мама ќе му дадат.Не разбирам, но очигледно дека со ваков однос, без амбиција, работно искуство мислат дека ги чека директорска позиција?

-Имам ќерка 25 година има завршено Правен факултет  и е невработена реши да бара работа. Има огласи за во приправни, оператор, кафе-бар, бутик...каде имаат потреба од работници со и без работно искуство. Почетната плата е од 15.000 денари .Сметам дека ова е одлична можност за младите кои немаат работно искуство, да почнат од некаде за да видат прво како се заработува за да го ценат секој денар, Елисавета од Тафталиџе.

Разговарајќи со еден од работодавците спомена дека на овие огласи дали двајца тројца се пријавуваат.Се прашувам зашто?Дали е до младите или родителите?

-Имам модно студио, пред некое време барав помшник, млад човек кој ќе ми помага околу рачна изработка на различни производи.Почетна плата е 15 илјади денар со можност да се зголемува, верувајте на огласот се јавија две повозрасни жени и три девојки. Примив една од девојките која ми изгледаше дека е заинтересирана за работата и за учење, но напротив се покажа спротивното.Многу тешко се наоѓа работник кој ќе биде посветен на работата.Младиве се жалат нема работа, а откако ќе ја најдат бараат изговори за да не ја работат, вели Марина сопственик на студио за рачна изработка на накит, капи, шалови.

-Мизерни се платите, навистина не знам што очекуваат работодавачите, само ги искористуваат малдите, сметам дека моето дете е подобро да седи дома отколку да се мача да работи за толкава плата, вели Сања од Радишани.

Некој сакаат да ги лишат своите деца од секакви задолженија со цел да им го олеснат животот и да им угодат што е можно повеќе.Општо познато е дека сé што е чесно заработено, секое едно денарче е повод за пофалба.

-Мојот син има 20 години студира, јас и мојата жена не можевме да си дозволиме да му дадеме пари за одмор, така тој самиот ја увиде домашнта состојба , па реши да работи како келнер во еден скопски кафич.Сами си зарабоит за одмор и сфати како е да се работи и да се трошат тешко заработените пари, вели Васко од Аеродром.