Банско и Копаоник привлечни за Македонците - домашните скијачки центри ја губат атрактивноста

Намалување на бројот на ноќевањата во домашните зимски центри, е регистрирано во последните години. Македонците  сепак ги заменуваат со луксузните од соседството, а во прв план Банско и Копаоник.

Потенцијал има, но неговата искористеност е речиси минимална, велат експертите.

На Маврово и Попова Шапка на еднодвенев излет, а на Банско и Копаоник на зимски одмор.

Хотелите во нашата земја се стари, ски-патеките се несредени, инфраструктурата воопшто не е добра, а цените што се нудат се многу високи. Додека пак, во Банско се нудат аранжмани кои им се прифатливи на луѓето, со полн пансион, спа центар, и одлични скијачки патеки.

Повторно за да заживеат македонските ски центри, експертите сметаат дека треба да се овозможат поволни услови и да се инвестира во нив за да бидат слични како тие во соседството и да можат да бидат конкурентни на пазарот, и секако да привлекуваат туристи. Со реновирање или пак изградба на нови модерни хотели, ќе започне привлекувањето и на домашни и на странски туристи.

Македонија во минатотот беше земја која имаше значителна улога во развојот на овој вид туризам.