Бангладеш во Скопје! Кој по тротоари, кој во спротивна лента, кој на црвено

-Проблемот е што сите брзаат и кога се менува семафорот од жолто на црвено наместо да подзастанат и да чекаат да им се пушти зелено, забрзуваат и кога веќе се на пола раскрсница, закочени, од другата страна другите коли тргнуваат. Не е проблем само овде, низ цело Скопје е истата ситуација, вели еден скопјанец.

Скопјани се жалат на сообраќајната (не)култура на возачите кои секое утро од 07:30 до 08:30 часот поминуваат на раскрсницата кај Ново Лисиче.

-Секое утро иста ситуација.Еднаш поминав, и веќе немам намера да поминувам, ова е ужас невиден, вели една скопјанка.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам