Банда од 30-тина луѓе нападнале татко и син на кампување

Завчера околу 12 часот во полициската станица Прилеп, 46-годишниот Т.С. од Скопје пријавиле дека истиот ден бил нападнат од група од околу 20-30 лица, информира Министерството за внатрешни работи.

- Додека кампувал со шатор поставен во паркот кај Могилата на непобедените заедно со своето семејство, му пришле две непознати лица, прашувајќи го за некои девојки, а потоа влегле во соседниот шатор, каде започнале расправија со лицето што било во него и две девојки. Откако Т.С. влегол внатре да ги смири, непознатите лица заминале. По околу десетина минути, лицата се вратиле заедно со група од околу 20-30 лица и почнале да удираат по возилата со раце и шипки, а потоа го нападнале Т.С., неговиот син и пријателот, нанесувајќи им видливи повреди - соопштија од МВР.

Полициска станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.