Балкански „OneBeat” во МКЦ

На 17 февруари 15 музичари од Албанија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија, како и од САД ќе настапат на концерт во Скопје, како дел од турнејата низ Балканот. Концерти ќе се случат и во другите наведени градови, како дел од програмата за културна размена и соработка OneBeat Balkans.

-Веќе сите 15 музичари се наоѓаат во резиденцијата на OneBeat во Пеја, што е првата фаза од програмата. За време на овој период, учесниците ги споделуваат своите различни размислувања за културата преку музичките ноти. Овие ноти на музика ќе патуваат низ сите земји од регионот, имено Албанија, Косово, Македонија, Србија и Хрватска, велат организаторите.
Концертот во Скопје ќе се случи во МКЦ со почеток во 20 часот.

Инаку OneBeat е иницијатива на Стејт департментот на САД, Канцеларијата за едукација и култура, во продукција на „Bang on a Can’s Found Sound Nation” и Balkan Art Zone, а се остварува во партнерство со амбасадите на САД во Албанија, Косово, Македонија и Србија.