Балкански медиуми: Скопје гори, поради Вардар и Стинг го помести концертот

Гордон Метју Томаш Самнер или подобро познат како Стинг е жива музичка легенда, но во Скопје, ракометот и Вардар се начин на живот, пишуваат балкански медиуми.

Затоа познатиот пејач од Обединетото Кралство одлучи да го премести својот концерт за неколку часа, кој ќе се одржи во недела во главниот град на Македонија. Причината е јасна барем за оние кои го следат ракометот.

Стинг ќе одржи концерт на стадионот „Тоше Проески”, а како што е соопштено, почетокот е поместен за 22 часа. На овој начин, сите заинтересирани ќе можат да го видат финалето на Лигата на шампионите со почеток во 18 часот.