„Бадниково огниште“ - најубаво украсен двор во општина Бутел

Во општина Бутел, градоначалникот Петре Латиновски ги додели наградите за трите најубаво украсени дворови, по повод новогодишните и божиќните празници.

Првата награда и припадна на Гордана Арсовска за новогодишната креација со наслов „БАДНИКОВО ОГНИШТЕ“.

Втората награда отиде во рацете на Денчо Јосимов за неговиот украсен двор во кој централна позиција имаат дедо мразовците собрани на  „НОВОГОДИШНА ТАЈНА ВЕЧЕРА“.

Додека, третата награда и е доделена на Гордана Шер за дворот во кој само што пристигнала преубавата   „ЗЛАТНА КОЧИЈА“ на Дедо Мраз.

Сопствениците на трите најубаво украсени дворови за новогодишните и божиќните празници, се наградени со по 5 000,00 денари,  а добија и специјални благодарници од општина Бутел.