Бадниковото лепче со паричка, риба, макало со суви пиперки, зелник....се нешта кои мора да ги има на софра за време на бадниковата вечер.Бадниковата вечера е посна ама богата, а на масата треба да се постават и благи и солени јадења. Според верувањата, богатата трпеза значи дека и годината ќе биде богата.

Бадниково лепче со паричка

Паричката е симболот на среќа, па затоа и се верува дека оној кој во своето парче ќе ја пронајде истата, тој во текот на претстојната година ќе биде и најсреќен. 

Потребни состојки: 
● 250 мл млака вода
● 1 квасец
● 50 мл маслиново масло
● 1 лажичка сол
● пола лажичка шеќер
● 500 гр брашно
 

Подготовка: 

Од горе наведените состојки се замесува тесто понамеко и се остава да кисни 20 минути.Потоа пак се размесува, се прави векна, кисни уште 15 минути и се печи на 180 степени.
По желба од тестото може да се направат топчиња 7-8 и во едно од нив да се тури паричка за бадниковата вечер.

Зелник

Состојки:

За тестото

  • 500 гр брашно
  • 1 коцка квасец
  • 60-70 мл масло за јадење
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка чеќер
  • За филот:
  • 4 страка праз
  • 2 главици кромид (поголеми)
  • 2 раце ориз
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мешан зачин
  • 1/3 лажичка црвен пипер
  • 1 филџанче вода
  • за запржување масло за јадење

Подготовка:

1. Квасецот се ставам со малку млака вода да стаса

2. Брашното со сите останати состојки се става во еден сад, се додава стасаниот квасец и се замесува

3. Без да се остава тестото да нарасне се поделува на 6 топчиња, од кои едното е со малку поголема димензија од останатите

4. Се расукува најпрво најголемото топче со големина дупло поголема од тавчето во кое ќе се пече зелникот (тавче бр. 30)

5. Откако ќе се рассука кората, на раце ја растегнувам кората вртејќи ја малку во воздух, да се дорастегне уште малку

6. Кората се става во намрсеното тавче со краевите надвор од тавчето

7. Се попрскува кората со малку масло за јадење и врз неа се става дел од филот од праз и кромид...оваа постапка се повторува и со останатите кори, но тие се со големина малку поголеми од тавчето за да може малку да се наберат кога се ставаат во него, но нивните краеви не излегуваат надвор од тавчето

8. Врз последната 5-та кора се попрскува насекаде од филот и сето она што ке остане се става на средината врз кората и се попрскува со прстофат брашно

9. Делот од кората кој лежи надвор од тавчето, на крајот се превртува во вид на фалти во тавчето (како што тоа јас го направив на сликата) притоа зафаќајќи дел од филот

10. Се пече во загреана рерна на 200 С па се намалува по 5-120 мин на 180 С

Фил:

1. На малку масло за јадење се пропржува ситно исечканиот праз и кромид

2. Откако ќе омекне ова, се додава исчистен и измиен ориз

3. Се зачинува филот и му се додава водата малку да се издинста зајрето и така се остава филот до испарување на целата вода.


Бел грав без масло

За четири лица

  • - 300 г. бел грав
  • - 1 страк праз
  • - 1 средна главица кромид
  • - половина црвена пиперка
  • - половина чешне лук
  • - сол по желба

Гравот се кисне преку ноќ, потоа се зоврива во една вода која се исфрла.Потоа се налева повторно со ладна вода, и се вари.

Вака подготвен без масло, гравот, освен што е превкусен, добива дополнително здрава димензија.

Посна сарма 

Потребни состојки:

  • 1 главица кисела зелка
  • 400 гр. ориз
  • 4 страка праз
  • црн пипер
  • суво нане
  • црвен пипер
  • 250 гр. масло

Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло.

Трпезата може да ја збогатите со МАКАЛО, ПОСЕН КОЛАЧ.