Се дели леб, се посакуваат желби, а паричката е симбол на среќна и бериќетна година за оној кој ќе ја добие.

 Ова е рецептот за подготовка на бадникова погача со паричка:

СОСТОЈКИ:

500 гр брашно

25 гр квасец

50 гр масло за јадење

250 мл топла вода

сол

шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Квасецот го ставаме во сад со топла вода, ставаме сол и шеќер во садот, па лажица брашно, и се остава вака за да нарасне.

Во голем сад ставете ги брашното, маслото и нараснатиот квасец, па додавајте ја водата и замесете тесто

Откако убаво ќе го замесите тестово, се остава да нарасне околу 45 минути.

Поделете 4 топки од него, расукајте ги на работната површина, па ставете едно во тава, премачкано со масло.

Од второто расукано топче направете форма како триаголник, така и од третото и четвртото и ставете ги одозгора премачкани со масло.

Не заборавајте да ставите паричка завиткана во фолија.

Печете околу 40 минути во загреана рерна на 200 степени.