BAD COPY во Скопје!

SUN Production и во оваа 2018 година ќе продолжи на својата публика да и промовира пред се урбана и квалитетна музика.

Во сабота на 10 февруари во малата сала од спортскиот центар Борис Трајковски имаме навистина специјален настан. Во Скопје ни гостува еден од најдобрите балкански хип хоп состави, незаменливите Bad Copy. По подолго време скопската публика ќе има можност да ги чуе и види во живо со нивните добро познати стари хитови и секако новиот материјал на бендот.

Скај Виклер (Ѓорѓе Миљеновиќ), Ајс Нигрутин (Владан Аксентијевиќ) и Тимбе (Рашид Куртановиќ) го задржаа препознатливиот сатиричен стил поради кој станаа и една од најпопуларните хип хоп групи во регионот.

Познати по своите хумористични текстови и жаргон, членовите на групата имаат објавено неколку албуми и како соло артисти и допринесоа за популаризацијата на хип хоп музиката во Србија и регионот на почетокот од новиот милениум. Во досегашната работа имаат забележано и повеќе соработки со артисти како Хорнсман Којоти („Ајсбрн“), Блајнд Бизнис, Кибу, Прти Бее Гее, Бвана, Ху Си?, Марчело, Београдски Синдикат, Едо Маајка, Баук Сквад, В.И.П. и други.

А за соодветно загревање ќе се погржи Dj Goce D'Sauce (Raw N Wicked) позади дј пултот.

Влезници за овој настан по супер промотивна цена од 300 денари за првите 500 влезници, а потоа 350 денари ќе може да си набавите во ПОЛА ЈУГОТОН и www.kupikartizase.com продажните места.

Сабота 10 февруари
Старт: 20:00 часот
С.Ц. Борис Трајковски (мала сала)