БАЦЕ ти кажувам МНОГУ МЕ ПОШТУЕ...Речник на познати скопски жаргони

Има многу познати скопски жаргони кои исклучиво ги користат жителите на главниот град.

Нас ни текна на овие неколку изрази, а вие доколку сакате да ја дополниме листава слободно напишете некоја фраза во коментар.

  • МНОГУ МЕ ПОШТУЕ – Многу ме почитува
  • БОЉЕ – подобро
  • ШО- наместо Што
  • КАО – наместо Како
  • РЕЈЗ - автобус
  • ШО ИМА ВЕЗЕ – Нема врска
  • УВЕК – секогаш
  • ПЕЕРЧЕ – блага форма на лице кое го милуваш
  • БАЦЕ – непознат лик кој не сакаш да го условиш со Пријателе
  • НЕШО ДА СЕ ДЕШАВА – фраза кога ти е досадно
  • ФИЉАН – Фиш, Џо, Мокавац, Џокаваџ, Џокла, Џокле, Штрафче….скопска трефка за опуштање
  • ЅИВРА Е НАДВОР – фраза екстремно ладно време
  • ПАЦЕР – човек кој не е достоен за твојата интелегенција
  • ТИ ИБАМ – универзална пцовка на воодушевување
  • КИНЕСКА КРАЉИЦА – епитет на дама
  • У – во
  • КОПИЉ – дете,обично пред тинејџерска возраст
  • ВИКА – зборува,кажува
  • ИСКОЧИ – излезе
  • СПРДАЧАТ, СПРДАЧЕЊЕ – се зезаат, зезање
  • ЗАЕБАНЦИЈА, ЗАЕБА – шала, глупост, зафркна
  • ЕБАТЕ БЕЉА – Тоа значи и ништо друго, каде и да го употребиш одговара
  • СЕКАД/НИКАД – секогаш/никогаш
  • НАПИЊА – кога некој е упорен за некоја работа