Автомобили, станови, куќа и кредити - еве каков имот пријавила Катица Јанева

Специјалната обвинителка Катица Јанева вчера реши да даде оставка од функцијата, а нејзината одлука е објавена на сајтот на СЈО.

„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена.

Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја.

Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник.  

Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.

Ја користам приликата да се заблагодарам на сите граѓани и на медиумите кои со довербата во нас и поддршката која ја даваат се ветер во грб за одговорната работа која ја вршиме. Бев и ќе останам подготвена да се борам за подобро утре на сите граѓани на Република Северна Македонија.“ - стои на сајтот на СЈО.

По оставката следеше апсењето на Бојан Јовановски познат како Боки 13, а беше извршен претрес и во домот на Јанева. Според неофицијални информации, од шефицата на СЈО било побарано да го даде нејзиниот мобилен телефон, кој требало да биде одземен и даден на вештачење. Полицијата успеала да одземе еден од два мобилни телефони, бидејќи Јанева рекла дека другиот го изгубила, пишува „А1ОН“.

Емагазин денеска пишува што Катица јанева пријавила во својот имотен лист. На име на децата има два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни, на свое име куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, земјоделско земјиште и автомобил Ровер 45. На  име на децата се пријавени Голф и Ауди.

Пријавила и кредити кои уште се исплаќаат, неколку картички на свое име и име на децата.