Автомобил украден од скопско Јурумлери

Скопјанец во полиција пријавил дека вчера околу 19:00 часот во селото Јурумлери од страна на непознат сторител му било одземен автомобилот „голф 4“.

Како што информираат, сторителот дошол до незаклученото возило, со клучеви на бравата и незабележан од никого заминал во непознат правец. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возилото.