Автомобил со скопски таблички се заби во камион во Србија, две лица повредени (ФОТО)

Вчера попладне дошло до судар на автомобил марка Рено Клио со скопски регистарски таблички и камион кај Гредличка клисура во Србија.

Во сообраќајката тешко се повредени два патника од автомобилот со македонски регистарски таблички.

Очевидци на настанот за Курир велат дека вратите од автомобилот биле сечени, за да бидат извадени двајцата повредени, по што тие веднаш биле префлени во болница.