Автомобил падна во Вардар кај болницата Систина

Утринава возило се превртело и паднало во Вардар во близина на приватната болница „Систина“.

Од МИА се на лице место, каде се гледа големо присуство на полиција и противпожарни екипи кои се обидуваат да го извадат возилото од водите на Вардар.

Засега не се познати причините од кои возилото се превртело, ниту пак дали има повредени.

Повеќе детали следуваат во текот на денот.