Автобусот со број 50 од утре повторно ќе застанува во ГТЦ

Автобуската станица во Градскиот трговски центар од утре повторно ќе почне да функционира. Десет украински автобуси со број 50 на ЈПС ќе застануваат на таа автобуска станица.

Утрешното отворање на старо новата автобуска станица во ГТЦ денеска го најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Сега ја враќаме автобуската станица за број 50, наместо спроти Културниот – информативен центар ќе поминува низ ГТЦ. Тоа важи само за автобусот со број 50, рече Шилегов по потпишувањето договор со генералниот директор на компанијата Chariot Motors, Милен Милев за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци низ улиците во Скопје.