Автобусите на линијата „Сити тур“ од утре по зимскиот возен ред

Автобусите на ЈСП Турс на линијата „Сити тур“ од утре, ќе сообраќаат по нов зимски возен ред.

Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, поаѓањата ќе бидат во 11 и во 13 часот од „Порта Македонија“.