Автобус прегазил пешак во Маџари, тешко повреден завршил на Клиника

Вчера околу пладне на улица „Благоја Стевковски“ во Скопје, автобус „Лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т. (56) од Скопје, удрил во пешакот Г.Г. (63) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.