Авто УВ-заштита во Автокоманда (ФОТО)

Не треба многу да се зборува, доволно е да ја погледнете приложената фотографија, која беше објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам и да ви биде јасно дека ова среќно тико го вози постар господин, кој целото слободно време што го има на претек го вложува во негата на својот миленик.

Од сонцето гори кожата, но гори и гумата, а се оштетува и пластиката. Но, можеби на вашите автомобили, сигурно не и на тикото со УВ-заштита.