АВРМ нуди бесплатни обуки за млади невработени лица до 29 години

Агенцијата за вработување на Република Македонија нуди бесплатните обуки наменети за млади, невработени лица до 29 години, кои се спроведуваат преку, во рамки на постојната имплементација на проектот ,,Поддршка за вработување на млади“ финансиран од ЕУ, и тоа:

• Обука за подготовка за вработување и вештини за барање работа

Целта на овие обуки е да им се овозможи на младите лица, првенствено да се мотивираат активно да се вклучат во пазарот на трудот, а истовремено да совладаат вештини и знаења кои би им биле од корист при барањето работа. Обуката има два модули во зависност од предходно извршената категоризација на невработените лица согласно индивидуалниот план за вработување. Обуките се спроведуваат од страна на реномирани експерти од оваа област и траат од два до четири дена. 

• Обука и советување за претприемништво 

Преку оваа обука ќе имате можност вашата бизнис идеја да ја формиулирате во бизнис план кој ќе го изработите со поддршка на консултати кои имаат долгогодишно искуство во оваа област. Обуката ќе ви помогне да се стекнете со вештини од областа на претприемништвото и да изработите бизнис план, кој ќе може да го поднесете и да аплицирате во програмата за самовработување за грант до 5.000/ 10.000 евра. 

Пријавувањето се врши во Центрите за Вработување во Република Македонија.