Авионско прскање против комарци во петок и сабота во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионската дезинсекција против возрасни форми од комарци на подрачјето на Град Скопје, ќе се одвива на 08.09.2017 (петок) и  на 09.09.2017 (сабота), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.