Авионски билет до Скопје чини колку еднонеделен одмор на Халкидики

Скопје стана луксузна дестинација. Хотелите се речиси букирани, а ретките слободни соби чинат и до 3000 евра за две ноќевања за двајца со доручек.

Воедно авиокомапниите ги дигнаа цените за периодот од 07 до 09 август, односно за време на одржувањето на Супер купот меѓу гигантите Манчестер и Реал, пренесува Сител.

Најскапо ќе платат англиските и шпанските навивачи. Повратен билет од Лондон за Скопје сега чини 261 евро, на 07 август, ден пред натпреварот на Телеком Арената ќе чини 536 евра.

Од Мадрид до Скопје разликата е помала. Сега поврзувањето меѓу двата града чини 420 евра, а на 07 август ќе чини 560 евра. Сепак, цените ќе растат како се наближува терминот за одигрување на натпреварот, посебно откако ќе заврши продажбата на билетите односно по 04 јули. Веројатно е дека ќе има и вонредни чартери за навивачите на двата клуба, но за нивно закажување се уште е многу рано.

За напреварот се очекува Скопје да пречека над 23000 гости, а најголем ќар ќе имаат трговците и угостителите.