Авион боинг 737 веќе два часа кружи над Скопје

Авион боинг 737 веќе два часа кружи над Скопје, не може да слета на аеродромот поради силниот ветер

Авион Боинг 737-752 кој требаше да слета во Скопје, а доаѓа од Истанбул, Турција не може да слета на скопскиот аеродром поради силен ветер. Авионот во моментов веќе два часа кружи во воздух помеѓу Велес и Кавадарци, објави телевизијата ТВ21.