Аутлет за храна - пониски цени и од 90%

Еден брачен пар од Загреб дошол на идеја да отвори аутлет продавница за храна.

Во овој маркет се продава храна пред истекот на рокот на употреба, поевтина дури и од 90 отсто.

Се работи за продажба на храна која трговските центри и фабриките поради различни причини не успеале да ја продадат.

Продавницата се простира на 300 квадратни метри и на полиците се наоѓа вишок роба, оштетени производи и храна пред истек на рокот.

Во новоотворениот аутлет се нудат месни производи, сирење, јогурт и друга конкретна храна.

Сопствениците на оваа продавница ја добиле идејата за овој концепт кога виделе колку храна всушност се фрла.

Сопствениците откриле дека имаат планови за отварање на нови слични продавници во Загреб, но и дека ќе се шират и низ цела Хрватска.