Атракција за посетителите - со кајак низ езерото Матка

Кањонот Матка е едно од најпосетените и најживописни излетнички места во Скопје.

Карпите, езерото Треска и недопрената природа се слика која секој треба да ја види. Особена атракција на посетителите на Матка, е можноста за кајакарење.

Кајакарење е идеален спорт за летните денови, забавен и корисен за здравје и рекреација. Кајакарството е спортско – рекреативна дисциплина, која бара посветеност и истрајност.

Ова е одличен спорт за оние кои сакаат забава, вода и адреналин. Покривајќи површина од околу 5000 хектари, Матка е една од најдобрите дестинации на отворено во Македонија, која овозможува незаборавно кајак искуство по брзаците на реката Треска. Дестинација на која може да ја посетите пештерата Врело, која е лоцирана во кањонот Матка и да ги истражите природните убавини што ги нуди кањонот и езерото Козјак.

Овој викенд избегнете ја градската гужва, изнајмете кајак и уживајте во убавините што ги нуди езерото Матка, на само 15 километри од Скопје. Направете ги вашите први чекори и запознајте се со овој спорт.

Кајакарството покрај тоа што ке ви овозможи да ги истражите природните убавини, исто така ке ви помогне да ја подобрите работата на срцето, го подобрува кардиоваскуларниот систем, помага во намалувањето на телесната тежина, зајакнувањето на мускулите и го намалува нивото на секојдневниот стрес и нервоза.