Панорамското тркало, галиите, шпанските скали, пајтонот...заминуваат во историјата.

Дали ќе се размонтираат или ќе се влечат по реката на друга локација, се уште нема одлука за начинот на кој ќе се отстранат трите галии од Вардар, дел од проектот Скопје 2014.

Од градот Скопје велат дека начинот за дислокација ќе биде поспора процедура.  За да се спроведе прво мора да се направи анализа од страна на правните служби во Градот и Општина Центар, по што ќе се дадат насоки за понатамошно постапување. 

Во водите на реката Вардар, беа постваени три бродови-ресторани. Градот Скопје ја преиспитува целокупната правна процедура во однос на поставувањето на галиите во реката Вардар, а тоа опфаќа анализа на законите, на деталниот урбанистички план за централното градско подрачје и целата процедура за издавање на одобренијата на инвеститорите.

Освен дислоцирање на трите галии кои работат како угостителски објекти се планира и уривање на мостот за панорамското тркало, а за оваа операција се потребни околу 5 милиони евра.

Исто така една од грдските атракции „Пајтон“ за која грдските власти тврдат дека  има мал интерес кај граѓаните велат дека трошоците за одржување се големи, а приходите минимални. Дали пајтонот ќе биде тргнат од грдските улици ќе остане да ја почекаме одлуката на Градот.

Покрај прошетката низ центарот на Скопје пајтонот се изнајмува и за свадби , сунети, фотосесии, матури.

Она што е дефинитивно познато е дека раководство на ЈСП „Скопје“ одлучи да ги затвори панорамските автобуси.

Со овие автобуси беше  воведена туристичката автобуска линија на која ќе сообраќаше пред Портата Македонија, по улицата Димитрије Чуповски кај поранешен Рекорд, па десно по булевар Св. Климент Охридски покрај Соборниот Храм, десно покрај Владата на РМ, па преку мостот Гоце Делчев покрај Стариот театар, Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музејот на Холокаустот, до црквата Св. Спас и Мустафа пашината џамија, па до Кале, а од таму се до Старата железничка станица, па повторно назад до Портата Македонија.

Панорамскиот автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие  беше брендирани во знакот и боите на ракометниот клуб Вардар се подготвени за дочекот на европските шампиони.

За почеток, два од 15 кабрио-автобуси ќе станат затворени. Проценето е дека за таа намена претпријатието ќе треба да издвои околу 20.000 евра. Одлука за трошење на тие пари веќе е донесена од мнозинството на Советот на Град Скопје, кој е основач на ЈСП.