Асфалтирањето на дел од улицата Александар Урдаревски во Бутел

Денес започна асфалтирањето на дел од улицата Александар Урдаревски во Бутел, кое се врши во рамки на проектот за реконструкција на улицата на потег од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосувањето со улица Бутелска.

Додека траат градежните работи на терен е воведен привремен сообраќаен режим и апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.