Асфалт мазен како писта: Автопатот Демир Капија – Смоквица, кон крајот на месецов ќе биде пуштен во употреба (видео)

Автопатот Демир Капија – Смоквица е едно од најголемите градежни достигнувања што Република Македонија ги памети до денес.

Автопатот кој е со должина од 28 километри треба да биде готов до крајот на месецот, пишува Маркукуле.

Видеото кое вчера го објавија од грчката компанија „Актор” која беше изведувач на работите на автопатот, е доказ дека се работи за вистинско совршенство и вистинско инженерско ремек дело.