АРМ вежбала, Скопјани се преплашија

Вечерва околу 19 часот граѓаните на Скопје беа вознемирени од силни експлозии за кои подоцна стигна објаснување од Генарлниот штаб на АРМ дека биле резултат на генералната проба по повод утрешната централна свеченост за Денот на АРМ.

Од касарната Илинден, според соопштението, бил испукан артилериски плотун, што е проба за десетте артилериски плотуни што ќе бидат истрелани утре во исто време.