„Арената“ се затвора после скопското дерби!

По дербито помеѓу Вардар и Работнички, националниот стадион ќе биде „недостапен“ на некое време. Веројатно станува збор за да се сочува за квалификациските мечеви на Македонија со Италија и со Израел кои се играат на стартот на октомври, пренесува Македонски Спорт.

Работнички после Вардар има два меча како домаќин со Шкендија. Најпрво во Купот а потоа и првенството, и според информациите ќе ги одигра на стадионот во Ѓорче Петров. Вардар до репрезентативните дуели треба да го одигра дербито со Пелистер на домашен терен, и можно е овој меч да се игра на неутрален стадион. Многу веројатно е првакот да игра на „Борис Трајковски“, но ако има потреба да се менува, тоа дополнително ќе биде одлучено. Јасно е дека „романтичарите“ дуелите со Шкендија нема да ги игра на „Арената“ и тоа  би бил голем хендикеп за Работнички.

Ова веќе се случува секоја сезона Вардар и Работнички неколку меча од првенството да одиграат надвор од „Арената“.