Арената ги враќа старите цени

Вардар и Работнички ќе продолжат да ги играат своите мечеви како домаќини на арената „Филип Втори“. Ова стана јасно, откако предмалку беше постигнат договор за враќање на старите цени за користење на најголемиот стадион во земјата. 

По барање на Агенцијата за млади и спорт, на заеднички состанок седнаа луѓето од „Арената“, челните луѓе на Вардар и Работнички, како и претставници на ФФМ. На состанокот било договорено да се вратат старите цени за користење на арената „Филип Втори“. 

Под овие услови јасно е дека Вардар и Работнички повторно ќе се вратат во „својот дом“ и мечевите како домаќини ќе ги играат на арената „Филип Втори“.