Арената „Филип Втори“ преименувана според основачот на УЧК

Навивачите на Шкендија ја преименуваа Националната арена „Филип Втори“ во „Адем Јашари“. На официјалната фејсбук-страница на „балистите“, во најавата за натпреварот против Млада Болеслав стои дека мечот ќе се игра в четврток на Арената „Адем Јашари“.

- Сите заедно да ја испишеме историјата - арена „Адем Јашари“,  стои на официјалниот плакат за натпреварот со напомена дека збирното место ќе биде на плоштадот „Илирија“ во Тетово, пренесува Телеграф.

Адем Јашари по кого е прекрстен најголемиот стадион во Македонија, е основач на УЧК и еден од најголемите џелати на Србите во Косово. За Албанците во Косово, Македонија и во Албанија тој е еден од најголемите херои и неговото име го носи Домот на културата во Приштина, на аеродромот, а Косовците дури и имаат отворено и музеј во кој се истакнати неговите војнички успеси во борбата за независност на Косово. Адеми беше убиен од страна на српската војска во 1996 година.